Јапонски Кацу со Поли
Состојки:
- 3 подебели парчиња салама Поли
- 6 парчиња тост
- 3 јајца
- брашно
- лебни трошки
- мајонез
- бела зелка
- сос кацу (кечап, соја сос, ворчестер сос)
Јапонски Кацу со Поли
Процес на подготовка
- Поли ја сечеме на парчиња со дебелина од 1 цм, коишто класично ги панираме во брашно, јајце и лебни трошки. Во тава ги пржиме додека не добијат златно жолта боја. Ги ставаме на решетка малку да се отцедат и да останат крцкави.
- Белата зелка ја сечеме тенко и малку ја посолуваме.
- Кечапот, соја сосот и ворчестер сосот ги мешаме во сооднос 4:1:1, за да направиме сос кацу.
- Тостот го ставаме на штица, го премачкуваме со сосот кацу и врз него ставаме парче испржена салама Поли. Додаваме бела зелка и на крај мајонез. На истиот начин ги подготвуваме и другите сендвичи.
- Ги покриваме со друго парче тост и благо ги притискаме одозгора со дрвена штица за да легне горниот слој врз Поли. Може да му ги отстраниме рабовите на тостот за да биде уште поголем контрастот меѓу мекото и крцкавото.