Време на подготовка: 10 min Тешкотија: Со левата рака

Мексикански сендвич со Поли

Состојки:

  • векничка со сусам
  • 5 суви домати
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица барбекју сос
  • мелено чили или сос од чили ( по желба)
  • салама Поли
  • 1 авокадо
  • сок од половина лимета
  • 1 лажица конзервирани халапењо пиперки
  • свеж коријандер
  • 2 резанки сирење
  • ½ црвен кромид
  • пченкарен чипс

Мексикански сендвич со Поли

Процес на подготовка

  1. Во сечач ги сечкаме сувите домати, медот и барбекју сосот. Ако сакаме сендвичот да биде попикантен додаваме и мелено чили или сос од чили.
  2. Векничката ја сечеме на две половини и долната страна ја премачкуваме со сос, а одозгора ги распоредуваме резанките салама Поли. Авокадото го сечеме на половина, ја отстрануваме семката и го издлабуваме. Потоа го сечеме на резанки, одозгора накапуваме сок од лимета и ги распоредуваме врз саламата Поли. Во сендвичот додаваме уште и тркалца кромид и пиперките халапењо.
  3. Одозгора го ставаме сирењето, го додаваме коријандерот и покриваме со горниот дел од векничката.
  4. Послужуваме со пченкарен чипс.