Време на подготовка: 15 минути Тешкотија: Со левата рака

Поли сендвич

Состојки:

  • Поли
  • крцкав леб
  • неколку парчиња од омиленото сирење
  • лист или два зелена салата
  • чери домати
  • сос или омилен намаз

Поли сендвич

Процес на подготовка

Крцкавото лебче го сечеме по должина т.е. ширина и барем едната половинка ја мачкаме со сос или намаз. Поли ја сечкаме на парчиња, зелената салата и доматот ги миеме под млаз ладна вода и добро ги сушиме. Потоа меѓу двете половинки од лебот редиме што повеќе од намирниците, онолку колку што можеме, без да си ја скршиме вилицата, да внесеме во себе. Чери доматите ќе ги смачкаме како прилог меѓу залаците од сендвичот.